Евертон со 20 милиони евра го грабнува Несторовски, ќе биде замена за Лукаку

Фото: Архива

Челниците на Евертон се подготвени во своите редови да го донесат Илија Несторовски, кој внимателно беше следен од нивните скаути во изминатиот период – пишува порталот Гол.

Претставници на „карамелите“ беа присутни на последниот меч на Палермо против Јувентус и според првичните анализи – задоволни се од она што го виделе. Од Англија јавуваат дека Несторовски би можел да се пресели во Евертон за 20 милиони евра, а во клубот би пристигнал како потенцијална замена за Ромелу Лукаку, за кого е најавено заминување по крајот на сезоната.

Несторовски, кој има 26 години, досега има девет гола во Серија А. Во Палермо, македонскиот голгетер пристигна за само 500.000 евра од Интер Запрешиќ.

 

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close