Евзони делумно деблокиран

Граничниот премин „Богородица-Евзони“ на македонско грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, утрово е делумно деблокиран, изјавија за МИА од дежурната полициска служба на граничниот премин Богородица.

На грчка страна тракторите се уште стојат на местото каде што беа поставени, но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај на интервентен превоз од страна на автомобили и камиони.

Официјално сеуште течат преговорите на грчка страна со земјоделците кои треба да одлучат дали во текот на денот целосно ќе ја отстранат блокадата на автопатот Скопје-Солун и ќе преземат други мерки за изразување на нивниот револт откако не им успеаја преговорите со грчката Влада.

Поради штрајкот на грчките земјоделци преминот Евзони беше целосно блокиран од 30 минатиот месец.

Извор: Миа

Би те интересирало и

Случај Труст: На денешното рочиште дојде и вториот сведок

Во 12.30 треба да продолжи денешното судско рочиште за случајот ,,Труст“ на СЈО. Целата вест ...

Голема акција за чистење на Скопје

Со цел да се намали загаденоста во главниот град, градските власти од општина Бутел ја ...