Евроамбасадорот Самуел Жбогар оптимистички гледа на планот на владата насловен како 3, 6, 9

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, верува дека владата ќе ги реализира реформите преку планот 3 ,6 , 9 кои вчера ги најави премиерот Зоран Заев. Евромабасадорот рече дека добро е што реформите, сега веќе се ставени во писмена форма и имаат рок на реализација.

Жбогар денеска беше во посета на Желино и Брвеница, каде со градоначалниците на овие општини Фатмир Изаири и Енвер Пајазити, вршеше увид во инфраструктурните објекти кои се градат и реконструираат со пари од Европската Унија.

Во Желино со помош на Европската Унија се градат пречистителни станици за отпадни води, а во Брвеница се реконструира патот Челопек – Милетино а речиси при крај и обновата на Основното училиште во Гургурница.

Додади коментар

Би те интересирало и

Книжевна вечер на МКЦ „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“

Во рамките на манифестацијата „МКЦ за Скопје“, со која Младинскиот културен центар – Скопје ја ...

Клиниката за кардиологија потврди дека Чавков имал срцев удар

Поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката ...

Close