Евровизиски скандал: Протекоа дел од гласовите на руското жири (Видео)

eurovision-2016-logo

Само неколку часа откако заврши генералната проба за првата полуфинална вечер на Евровизија која се одржува вечерва, членовите на руското жири се најдоа во центарот на сериозен скандал.

Имено, на Јутјуб се појави видео на кое е прикажано како тие ги гледаат настапите на холандскиот и претставникот на Ерменија. Во видеото може јасно да се види дека жирито крши низа правила.

Пред се’ не е дозволено да го снимаат бодувањето, а уште помалку пак,  информациите да ги објават јавно, бидејќи нагласуваат дека на Холандија и’ доделуваат седум поени. Во јавноста веќе се шпекулира дека за руското жири ќе следува строга казна, иако реакцијата на организаторите засега не е позната.

Би те интересирало и

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстин

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстин Ко.“ и со Харви ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...