Европската интеграција потполна само кога земјите од ЈИЕ ќе бидат дел од ЕУ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Европската интеграција потполна само кога земјите од ЈИЕ ќе бидат дел од ЕУ

Во завршната декларација на самитот на земјите кои што се членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP)стои дека целосната европска интерграција не е можна без членството во Европската Унија.

Перспективата на членство во ЕУ е најмоќното оружје кое ги поттикнува земјите да ги спроведат потребните реформи и одржувањето на долготраен мир, стабилност и сигурност во регионот.

Членките на Процесот се охрабрени да ги спроведат реформите во духот на соработката и добрососедските односуи.

Меѓу учесниците на самитот беа претседателите Колинда Грабар-Китаровиќ, Александар Вучиќ, Борут Пахор, Филип Вујановиќ, Хашим Тачи, Ѓорге Иванов, премиери и министри за надворешни работи.

Во Процесот за соработка во Југоисточна Европа учествуваат Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија и Турција.

Процесот е основан во Софија во 1996 година, на бугарска иницијатива, и претставува единствен политички форум за регионална соработка кој е иницијатива на земјите од регионот, а не други меѓународни организации или држави.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна ...

Сончево со температура до 28 степени

Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец – не’ очекува денеска во Македонија. ...