Европскиот првак Вардар по нова победа во Лигата на шампионите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Европскиот првак Вардар по нова победа во Лигата на шампионите

Европскиот ракометен шампион Вардар попалднево е пред нов предизвик и дуел на гости со унгарската екипа ПИК Сегед. Ова е натпревар од 4.коло, а „вардарци“ заедно со Веспрем и Монпеље се екипите кои имаат максимален учинок.

Перфектниот старт го расипа Горење со поразот од Кадетен Шафхаузен во четвртокот со 31:28.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес очекува еден од најтешките дуели од стартот на сезоната, а за овој натпревар на располагање ќе го има голманот Страхиња Милиќ, кој поради повреда ги пропушти првите три натпревари.

Денешниот ривал на Вардар, по стартниот поразод Нант постигна две победи против Загреб и Кристијанштад.

Покрај натпреварот ПИК Сегед – Вардар денеска играат уште: Кристијанштад – Рајн Некар Ловен и Барселона – Нант (сите натпревари од групата А). Другите натпревари се играат утре, кога е настапот на македонскиот вицепрвак Металург на гости во Украина кај Мотор (група Д).

Претходно од групата на Металург од оваа рунда се одигра и дуелот Спортинг – Чеховски Медведи 31:30.

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...