Европскиот првак остана во трка со Вардар за врвот

Европскиот првак Киелце се врати на победничките патеки откако славеше над унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со 28:24 во натпреварот до 12 во групната фаза од Лигата на шампионите. Избраниците на Талант Душебаев беа тие што на стартот го диктираа темпото и водеа со 1 до 2 гола разлика, но во продолжение искусните гости се вратија во натпреварот – пишува порталот 24Ракомет.

Киелце поведе со 3:1, па 4:2, 6:4, но ПИК Сегед израмни на 7:7 преку десното крило Родригез. Гостите стигнаа до предност со 10:12 преку Обрановиќ и Горбок, а хрватскиот интернационалец го постигна голот со кој го однесе унгарскиот тим на пауза со гол позитива, 13:14.

ПИК Сегед исто тргна и во вториот дел и последен пат водеше во 43 минута со 18:20, кога тргна серијата на европскиот првак. По два пати Кус од пенал и Зорман погодија за 22:20, Балог намали на 22:21, и тоа беше се од ПИК Сегед на овој дуел.

Уште еден бран голови на тимот на Душебаев и веќе беше решен победникот на овој дуел. Ѓукиќ, Лијевски, Јурецки и Агинагалде постигнаа погодоци за 26:21. До крајот домашните само рутински ја одработија задачата и го заклучија мечот со победа од 28:24. Со оваа победа Киелце се врати третата позиција на табелата во групата А и се уште има шанси за првото место. Најдобар поединец беше Хулен Агинагалде со 8 голови, додека Мануел Штрлек даде 4. Кај ПИК Сегед, Горбок и Балог отскокнуваа од другите и дадоа 6, односно 4 голови.

 

Извор: www.24rakomet.mk

Би те интересирало и

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...

Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза ...