Европскиот првак стартува со подготовките

Европскиот првак Вардар денес ги започнува подготвките за новата сезона која ќе ја брани европската титула.

Ракометарите најпрвин ќе имаат индивидуални лекарски прегледи, а заедничкиот тренинг е планиран за 17 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански”. До 3 август тие ќе тренираат во Скопје, а потоа екипата заминува на подготовки во Словенија.

Сезонава нов играч е Даинис Кристопанс кој игра на позицијата десен бек, а со тимот ќе тренираат и дел од ракометарите од вториот тим.

На 11 август екипата заминува за Германија и таму ќе го има првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден Вардар ќе игра на турнир на Гумерзбах, на 12.август во полу-финалето Вардар ќе игра против Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман.

На крајот од август од 24 до 29 август европскиот првак ќе игра во Катар на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Чупиќ: Освоивме важни бодови

Европскиот шампион Вардар триумфално ја почна одбраната на трофејот со гостинска победа кај Висла Плоцк ...

Металург на стартот од новата сезона гостува во Франција

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладне го игра првиот натпревар од новата сезона од Лигата на ...

Close