Европските инженери на собир во Скопје

Скопје денеска е домаќин на 14. Генерално собрание на Европската асоцијација на инженерски комори (ЕЦЕЦ). Ова Генерално собрание нема да биде вообичаен состанок бидејќи како што изјави преседателот на ЕЦЕЦ Чртомир Ремерц, пред два дена асоцијацијацијата во Белгија добила статус на правно лице со што сега во Брисел со полни овластувања може да ги застапува своите интереси.

„ЕЦЕЦ не е најсилната, но е најважната инжинерска организација која ја претставува оваа професија пред Европската унија што значи пред Европскиот Парламент и Совет и ние навистина правиме се што е во наша моќ да им помогнеме на нашите членки. Асоцијацијата не е најголема, но е многу активна од 2010 година“, рече Ремерц честитајќи и’ ја десетгодишнината од постоењето на македонската Комора на овластени архитекти и инжинери.

Претседателот на македонската Комора на овластени архитекти и инженери, Миле Димитровски истакна дека станува збор за редовно собрание на ЕЦЕС и оти ќе се дискутира за положбата на инжинерите и нивната работа. Една од точките ќе биде вредноста на инжинерскиот труд, рече Димитровски.

На Генералното собрание се очекува да се дискутира и за професионалната регулација, многу важно прашање за кое исто така се дискутира и во Европскиот парламент.

Одржувањето на Генералното собрание во Скопје, според претседателот Ѓорге Иванов е израз на довербата во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, но и воопшто за севкупната македонска инженерска и академска заедница. Иако Македонија не е дел од ЕУ, посочи претседателот во пригодниот говор, сепак нејзините инженери и архитекти се дел од моторот што ја движи Унијата.

Индустриските револуции, кажа Иванов, покажаа дека луѓето можат да измислат нови материјали и нови извори на енергија, но покажаа и дека знаењето е третиот ресурс, покрај сировиот материјали и енергијата.

Собранието го организира македонската Комора на овластени архитекти и инженери, а покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

На Генералното собрание присуствуваа претседателите на сите европски инженерски комори, како и министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, но и претставници на кинеската Комора на инжинери.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...