Европски Парламент: Македонија на дно по медиусмки слободи во Балканот

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи – оценува Истражувачки центар на Eвропскиот парламент, кој во мај годинава во неговата веб страна објави краток извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот.

Во извештајот, како главни причини за лошата медиумска клима во Македонија се наведени повеќе фактори, меѓу кои се неспроведување на постоечките закони, медиумите во сопственост на лица блиски до власта, зголемено насилство врз новинарите, клиентализмот, политизација и корупција како и недостигот на политичка волја за промовирање на плурализмот во медиумите. Ова се само дел од забелешките во извештајот.

На овој брифинг Европскиот Парламент ги повика земјите пристапнички да создадат поволна клима за работа на медиумите, погодна за објективно и точно известување.

Повикува на проактивна улога на професионалните организации и саморегулаторни тела, подобрување на ефикасноста на судскиот систем, политичка посветеност и поголема улога на граѓанското општество, каде на долг рок сите заедно треба да придонесат за подобрување на медиумската клима.

Во својот извештај Европскиот парламентарен истражувачки центар, се повикува и на истражувањето направено од страна на ЗНМ во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштита на новинарите“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница

Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен ...

Во Македонска Каменица се одбележа една од најкрвавите битки во Втората балканска војна

Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна ...

Close