Еден килограм хашиш откриен во поштенска пратка на скопскиот аеродром – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Еден килограм хашиш откриен во поштенска пратка на скопскиот аеродром

Царинските екипи на скопскиот аеродром „Александар Велики“ викендов спречиле обид за шверц на еден килограм хашиш, сокриен во поштенска пратка – соопшти денеска Царинската управа.

Оттаму информираат дека во саботата минатата недела на царинската испостава на аеродромот „Александар Велики“ за царинење пристигнала пратка од Словенија, а наменета за лице од Скопје, со вредност од 20 евра. При преглед на пратката од царинските службеници, била пронајдена хашиш-смола, со тежина од еден килограм.

Од Царинската управа додаваат дека против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

 

Би те интересирало и

Во куќа пронајден мртов штипјанец

Во куќа на улица ,,Сутјеска“ пронајден е мртов штипјанец. Првичните сознанија говорат за убиство. Според ...

Тројца скопјани искасани од кучиња во Центар

Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно ...