Еден починат и двајца повредени во пожар во село Локвица

Фото: Архива

Татко починал, а двајцата негови синови се повредени, но се надвор од животна опасност во пожарот што синоќа околу 22 часот избувнал во семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод.

Пожарот во куќата во сопственост на С.С. (78) избувнал од засега непознати причини. Од последиците од пожарот починал сопственикот С.С., додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност. Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала територијалната противпожарна единица од Македонски Брод – соопшти МВР.
Според најавите од полицијата, увид ќе се врши во текот на денов.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Во пожар изгоре напуштена куќа во Желино

  Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа ...

Close