Еди Рама гаѓан со брашно и јајца во Парламентот (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Еди Рама гаѓан со брашно и јајца во Парламентот (Видео)

Албанскиот премиер, Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината.

По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата –  јавија албанските медиуми.

Би те интересирало и

Дачиќ: Решавање на косовското прашање само преку компромис

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот ...

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, ...