Една година од кобниот ден во „Диво насеље“: Кој каде затаи?

Фото: Кумановски муабети
Фото: Кумановски муабети

Една година по терористичкиот напад во Диво Насеље, 8 згаснати животи на македонските безбедносни сили, страв и несигурност.

Што се случи во Куманово на 9 мај 2015 година зошто 8 згаснати живот – се’ уште останува нејасно.

Кој дојде да војува и што беше целта, кој затаи во случајот – треба да се дознае во судскиот процес кој е во тек, полицајците кои учествуваа во акцијата чии колеги пред нивни очи беа убиени денеска сведочат. Сведочат и луѓето од Диво насеље, кои за денеска најавија и мирен марш од Диво насеље до центарот на градот, но без политичари. Има кажаа „не“ на политичарите и политиката.

На 9 мај 2015, 04:50, бомби и рафални истрели ги разбудија граѓаните на Куманово.  Сите испалшени и во паника. Се гледа црн чад над Куманово, горат куќи во населба каде живее етнички мешано население. Жителите се затворени во своите домови, се пука – вистински се пука. Приодите кон Диво насеље се затворени, луѓето се евакуираат.

Има жртви, но кој прв да каже, официјална информација нема, нема потврда од полицијата кој загинал. Повторно се јавуваме во МВР – има жртви ни потврдија. Од двајца бројката почна да се зголемува, стигна до шест, а на 10 мај  официјално кажаа осум жртви.

Според Владимир Пивоваров, поранешен прв човек на воено и разузнавање и контраразузнавање, затаиле безбедносните служби, а  во недостиг на информации се отвара простор за многу шпекулации.

„Како можело да се дозволи вооружена група во толкав голем број без подршка на месно население да влезе во центарот на градот, е многу нејасно“, вели Пивоваров.

„На начин како тие се влезени со можност да не можат да се извлечат е еднакво на самоубиство , затоа не се јасни нивните намери. Терористите секогаш делуваат на територија каде имаат можност за извлекување што не беше случај во Диво насеље“, додава професорот Пивоваров.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...