Една недела штрајк на вработените во МПМ

Веќе една недела вработените од „Дневник“ , „Утрински весник“ и од „Вест“, кои ги издава МПМ штрајкуваат поради неисплатени плати и хонорари. Својот револт, тие денеска го искажаа со симболична поворка, со пароли и со свирчиња пред менаџментот на МПМ, кој се уште се нема официјално произнесено за состојбите во компанијата.

Штрајкот, кој е на неопределено време, е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија. Здружението на новинари на Македонија ги поддржа своите колеги и побара од менаџментот на компанијата да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

Неодамна во просториите на МПМ влезе и  СЈО со цел да истражува различни документи за повеќе предистражни постапки.Инаку, единствен управител на компанијата е Срѓан Керим, откако Јордан Камчев и Јана Станистављева се повлекоа.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close