Еклстоун ја потврди разделбата со Формула 1 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Еклстоун ја потврди разделбата со Формула 1

berni

Осумдесет и шестгодишниот Британец, Берни Еклстон по цели 40 години ја напушта својата должност во Формула 1. На местото на Еклстон, новите сопственици од Libery Media, го назначуваат шеесет и двегодишниот, Чес Кери (62) – пишува германскиот магазин Auto, Moto and Sport.

Новите сопственици од Liberty Media на Еклстон му понудиле да биде почесен претседател.

„Денес сум сменет. Јас сум минато. Тоа е официјално“, рекол Еклстон.

Наследникот на Берни, Час Кери, во минатото бил потпретседател на медиумската компанија 21st Century Fox чии сопственик е Руперт Мердок, а на чело на Формула 1 застанува во моментот кога таа има долг од осум милијарди долари.

Би те интересирало и

Успешно заврши државниот спортски натпревар Гимназијада во Тетово

Успешно заврши државниот спортски натпревар Гимназијада, која се одржа во Тетово викендов. Тетовските екипи се ...

Хамилтон го обвини Фетел за мамење

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон го обвини Себастијан Фетел од Ферари за мамење во Баку. ...