Економија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Мистериозен инвеститор потроши 344 милиони долари во криптовалути

Биткоинот очигледно е на добар пат да направи голем камбек бидејќи мистериозен инвеститор потроши неверојатни 344 милиони американски долари во биткоин и останати дигитални крипто-валути, правејќи ја една од најголемите поединечни трнсакции на пазарот на дигитални средства во последно време по надминување на малата криза на почетокот на месецов. Интересно ...

Повеќе »

Над 150 камиони од здружението Кипер ја блокираат делницата Градско – Прилеп

Незадоволни од како што велат црните сценарија за Фени Индустри, бараат да им се исплати долгот за превоз на руда во висина од 4 милиони евра. Здружението на транспортери и кипери „Кипер“ од Кавадарци со над 15о камиони денеска ја блокираат едната сообраќајна лента на регионалниот пат од Кавадарци кон ...

Повеќе »

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 ...

Повеќе »

Колку струја е потребно за да „заработите“ 1 биткоин?

Зголемувањето на вредноста на биткоинот на преку 10 000 долари доведе и до зголемување на потрошувачката на струја кај луѓето кои сакаат да се збогатат преку ноќ. Меѓутоа, колку струја навистина е потребно за да се „ископа“ еден биткоин? Судејќи по најновите податоци и ако се земе моменталната вредност на ...

Повеќе »

Биткоинот достигна вредност од 10.044 долари

Крипто-валутата битокон по две недели повторно успеа да се искачи над психолошката граница од 10 илјади долари. Експертите предвидуваат дека овој раст над 10 илјади долари може да ги врати ентузијастите повторно да инвестираат во крипто-валутите. Биткоинот загуби речиси две третини од својата вредност откако го достигна историскиот рекорд од ...

Повеќе »

Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија, пред се во делот на соларните и ветерните електрани. – Станува збор за изработка на комплетна ...

Повеќе »

Економски раст под четири проценти не е добар за Македонија

Стапка која е помала од четири проценти не е добра за македонската економија, вели поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Од новиот владин план за раст тој нема големи очекувања, бидејќи не се работи за некаква стратегија, туку за мерки за поддршка на компаниите. Секој раст под четири проценти не ...

Повеќе »

Препораките од невладините се’ поприфатени во искористувањето на средствата од ИПА фондовите

Во Македонија се’ повеќе се прифаќаат препораките на граѓанското општество за искористување на средствата од Инструментот на Европската унија за претпристапна помош ИПА – покажува искуството на невладиниот сектор. Се зголемува обемот на делување на невладините организации кои се фокусирани на различни прашања од процесот на евроинтеграциите. Во 2013-та година, ...

Повеќе »

Николовски: Повеќе мерки за подобрување на состојбите во земјоделството

Владата секогаш ќе биде партнер на земјоделците и ги охрабрувам да сметаат на тоа. Во минатото лозарите немаа многу среќа, невреме, мрзнење на лозјата, доцнење на субвенции,сега тој период е зад нас и ќе сториме се’ во нивна полза – рече премиерот Зоран Заев денес на прослава на празникот на ...

Повеќе »

Сојузот на тутунари задоволен од зголемените субвенции и очекува нивна исплата по законскиот крај на откупот

Сојузот на тутунопризводители ја поздрави одлуката на Владата за зголемување на субвенците на тутунопроизводителите на 80 денари од килограм за прва, 70 денари од килограм за втора и 60 денари од килограм за трета и четврта клас,. Првиот човек на Сојузт, Кире Неделкоски вели дека ова е особено значајно затоа ...

Повеќе »

Народна банка ќе купува чоколада

Народната банка на Македонија објави оглас за барање за прибирање на понуди за набавка на млечни чоколади. Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредост од 127.118 денари без ДДВ. Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Целата набавка може да ја видите ...

Повеќе »

Богов: Македонската економија е добро подготвена за можните турбуленции на светските пазари

Македонската економија треба да биде внимателна, но таа е добро подготвена за турбуленциите кои би можеле да се случат на светските финансиски пазари –  уверува гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов. – Во изминатиот период и ние презедовме низа мерки со кои го зајакнавме банкарскиот сектор. Последните ...

Повеќе »

Бизнисмените бараат измени во Законот за прекршоци и превентивни наместо репресивни мерки

Итна интервенција во Законот за прекршоци, но и доуредување на прекршочните одредби кои се базираат на овој Закон – бараат бизнисмените. Денеска на прес конференција организирана од Стопанската комора, тие порачаа инспекторите да не користат репресивни мерки, туку да ја користат опомената како превентивна мерка. Според нив, глобите не се ...

Повеќе »

Првиот крипто-милијардер: Биткоинот ќе вреди повеќе од златото

Камерон Винклвос, еден од близнаците кои се сметаат за главни крипто-богаташи на светот, тврди дека биткоинот ќе достигне поголема вредност од златото поради неговата ограничена количина, а со оглед на желбата на финансиерите да имаат посебни независни средства оваа криптовалута може да достигне пазарна вредност од 6 трилиони американски долари. ...

Повеќе »

Царинската управа разгледа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење

На 08.02.2018 година, во просториите на Царинската управа се одржа состанок со Советодавното тело. Царинската управа партнерството со деловната заедница го остварува преку работата на Советодавното тело, во кое членуваат Царинска управa, Стопанска комора на РМ, Сојуз на стопански комори на РМ, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Американска стопанска комора ...

Повеќе »