Екраните нанесуваат сериозна штета на доенчињата и малите деца

Специјалисти по детско здравје и развој го алармираат јавното мислење за сериозната штета која ја нанесува прекумерна изложеност на зрачење од секакви видови екрани – смартфони, таблети, компјутери и телевизори.

Ова се вели во публикација на весникот “Монд”.

“Ние примаме многу мали деца, поттикнати главно од екраните кои на 3 години, не го гледаат човекот кој им зборува, не комуницираат, не зборуваат, не комуницираат со околината и се или премногу поттикнувани или премногу пасивни. Според експертите при такво изложување влијанието на електронските екрани, мозокот на бебето не може да се развива нормално.

Станува збор за два механизми – ненамерно привлекување на вниманието и “украдено” време кое би требало да се користи за спознавачки активности. Неодамна кај деца без никакви невролошки болести, се забележува забавување на развојот на говорот и на развојот на детето како целина.

Специјалистите ги споредуваат овие симптоми со слични кај деца кои страдаат од различни форми на аутизам. Крајните манифестации се недостаток на говор кај 4-годишно дете, проблеми со концентрацијата, проблеми со комуникацијата, невообичаена гестикулација и др.“

Детето е во постојан контакт со екранот: директно – кога гледа во него и индиректно кога екранот е вклучен и се наоѓа некаде во собата, на пример, кога родителот чита нешто на компјутерот или на смартфонот, или гледа телевизија.

Превземено од: Локално

Додади коментар

Би те интересирало и

Што се случува во организмот 20 минути по гасењето на цигарата?!

Во никотинскиот чад се наоѓаат повеќе од 7.500 штетни хемиски соединенија, меѓу кои 80 се ...

Се’ за храна: 4 лесно достапни намирници против рак

Бидејќи научниците сметаат дека дури 60% исхраната е одговорна за спречување и превенција од канцерогените ...

Close