Експерти предупредуваат: Чоколадото ќе исчезне за 40 години – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Експерти предупредуваат: Чоколадото ќе исчезне за 40 години

Експерти предупредуваат дека наредните 40 години светот ќе остане без чоколада, бидејќи на билката какао и’ се заканува исчезнување при се’ потоплите временски услови.

Какаото вирее само на подрачјата 20 степени северно и јужно од Екваторот, а за да опстои потребни се посебни услови – доволно влага и дождови. Меѓутоа, глобалното затоплување и порастот на температурите за 2,1 степен Целзиусови може во наредните 30 години речиси и да го уништи растението, а со тоа и чоколадната индустрија, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера.

Како што температурата ќе ја суши почвата, одгледувачите на какао ќе мораат своите плантажи да ги префрлат на поголеми површини.

Просечен жител на Западот годишно јаде 286 табли чоколада. Од деведесетите години на минатиот век и Кина, Индонезија, Индија, Бразил и Руската Федерација, исто така се вклучија на пазарот со какао.

Снабдувањето сепак не оди во чекор со растечката побарувачка, а се верува и дека начинот на одгледуввање на самото растение е проблем, бидејќи не е променет последниве неколку века.

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...