Елтон Џон се повлекува од музичката сцена – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Елтон Џон се повлекува од музичката сцена

По 50 години на сцената, легендарниот британски музичар Елтон Џон најави повлекување.

Седумдесетгодишниот Елтон повеќе нема да настапува на турнеи, одлука која е мотивирана главно од здравствени причини.

Изминатата година Елтон Џон помина 12 дена во болница поради бактериска инфекција.

Тој  најави дека сака да се повлече и поради тоа што сака да помине повеќе време со своето семејство – сопругот Дејвид Фурниш и нивните деца Закари и Елајџа, родени преку сурогат мајки.

Би те интересирало и

Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин

Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна ...

Годишен попис на животни во Лондонската зоолошка градина

Вработените во Лондонската зоолошка градина изброиле околу 19.289 мали и големи животни при годинешниот „попис“. ...