Емел Рамковска на слобода, ја одлежа шестгодишната затворска казна

velija(1)

Емел Рамковска, ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор.

Таа одлежа шест годишна затворска казна во случајот „Пајажина“, а во затвор беше од 24.декември 2010 година. По апсењето на Велија Рамковски, членови од семејството и вработени во фирмите, беа затворени А1 телевизија и три дневни весници.

И покрај апелите до претседателот Ѓорге Иванов при крајот на казната да ја помилува поради нејзините три деца, тој тоа никогаш не го направи.

Дали беше злоупотребена власта и судството за пресметка со семејството Рамковски и новинарите на А1 телевизија ќе се дознае за брзо време. Снимените материјали за телевизијата опозицијата никогаш не ги обзнани пред јавноста, но завршија во Специјалното јавно обвинителство.

Сефер Цановски на својот ФБ профил напиша:  „Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода ! Ја одлежа „машки“ политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И ГЛАВАТА ГОРЕ Твоето време допрва доаѓа …“

Емел Рамковска во „Пајажина“ беше обвинета заедно уште 23 лица. Овој случај се најде и во извештајот на Стејт департментот за 2011. Таму под точката насилство и вознемирување, меѓу останатото стои:

„Во декември 2010, Велија Рамковски, бизнисмен и сопственик на најпопуларната станица во земјата, А1 телевизија, и на неколку сродни печатени медиуми, исто така познати по своите опозициски ставови, неговата ќерка како и 17 други вработени во бизнисите на Рамковски, беа уапсени под соменение за даночно затајување и заговор. Имаше веродостојни извештаи дека додека била во притвор, бремена притвореничка доживеала спонтан абортус и дека на друг притвореник со сериозна медицинска состојба не му била обезбедена помош.“ – се вели во извештајот на Стејт департментот за човекови права.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...