„Епл“ сака да ја купи апликацијата за препознавање мелодии „Шазам“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Епл“ сака да ја купи апликацијата за препознавање мелодии „Шазам“

Американската технолошка компанија „Епл“ преговара за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни „Шазам”, објави сајтот за технолошки новости „ТекКранч“.

Според интернет страната, брендот „гризнато јаболко“ би можел уште в понеделник да го објави договорот за купување на „Шазам“.

„ТекКранч“, повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека купопрдажбата би можела да чини околу 400 милиони долари, иако вредноста на Шазам е проценета на над една милијарда долари.

Би те интересирало и

Лимон за блескава насмевка, мазна кожа и сјајна коса

Лимонот најчесто е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде делотворен и ...

Едно од најубавите островчиња на светот е затворено за туристи

  Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи наредниве шест месеци, поради стравувањата за ...