Ердоган му се заблагодари на Тачи, го искритикува Харадинај и најави нови апсења на „ѓуленисти“’ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ердоган му се заблагодари на Тачи, го искритикува Харадинај и најави нови апсења на „ѓуленисти“’

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, упатил благодарност до косовскиот претседател Хашим Тачи, додека како „срамота“ го оценил делувањето на премиерот Рамуш Харадинај.

Исто така разрешувањето на Министерот за внатрешни работи Фљамур Стефај и првиот разузнавач, Дритон Гаши го оценил како исторска грешка.

-Последната акција во Косово не е ни прва а нема да биде ни последна. Му благодарам на претседателот на Косово. Но, на премиерот му велам „срамoта“ поради отстранувањето од функцијата на министерот за внатрешни работи и првиот човек на тајната служба,кои ни ги дадоа членовите на терористичката организација ФЕТО. Нивното разрешување е историска грешка.Тие само си ја извршуваа работната задача, изјавил Ердоган.

Реакцијата на Ердоган е втора во рок од 24 часа.Во првата тој најави крај за владата на Харадинај,барајќи од косовските граѓани да протестираат против него.

Шест турски државјани,професори во турски училишта на Косово,беа уапсени во четвртокот и по итна постапка депортирани од Косово, со одлука на Министерството за внатрешни работи, кое им ги укина дозволите за престој во Косово. Тоа се случило откако косовската тајна служба во соработка со турската,констатирале дека истите лица претставуваат опасност по националната безбедност на Косово.

Харадинај, рече дека не бил запознат за тоа,го разреши првиот полицаец и нареди темелна истрага за вмешаност и на други полициски функционери. За разлика од него Тачи рече дека протерувањето на турските државјани дошло бидејќи тие биле опасност по националната безбедност.

Косовската опозиција побара во вторник да биде одржана вонредна седница, да се формира посебна комисија за истрага и расветлување на случајот.

Извор: МИА

Би те интересирало и

По седум години можно проширување на веќе реформирана Унија

Враќање на Западен Балкан во воените 90-ти години не е изгледно. Политиката на проширување и ...

Србија официјално ќе забрани користење пластички кеси

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, ...