Ердоган пристигна во официјална посета на Србија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган допатува синоќа во дводневна официјална посета на Србија, а на аеродромот во Белград го пречекаа српскиот колега Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата на Србија.

Ердоган пристигна во Белград со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри. Официјалните разговори на турскиот претседател почнуваат денеска на тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Потоа следуваат средби на двете делегации и потпишување на неколку договори меѓу Србија и Турција.

– Акцент ќе биде ставен на економските теми и енергетиката, поконкретно на проектот „Турски поток“, изјави српскиот министер за енергетика, Александар Антиќ.

Премиерката Брнабиќ очекува важни договори во областа на земјоделството.

Во рамки на посетата ќе биде организиран турско-српски бизнис форум.

Ердоган утре ќе го посети градот Нови пазар, кој е главно населен со муслимани, во областа Санџак, јужна Србија.

За време на посетата ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на Ердоган, освен неговите лични 50 телохранители, ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...