Естебан Окон потпиша со Форс Индија

esteban-ocon-696x464
Младиот француски возач, Естебан Окон, потпишал повеќегодишен договор со Формула 1 тимот, Форс Индија.

Форс Индија најде замена за Нико Хулкенберг кој по завршувањето на сезоната ќе му се приклучи на тимот на Рено, откако потпиша со францускиот возач Естебан Окон.

Окон, од август и трката во Белгија, вози за Манор, а Форс Индија во соопштението наведе дека Окон ќе вози заедно со Серхио Перез и дека оваа возачка постава ќе биде „една од највозбудливите“ во Формула 1 бидеќи претставува спој на младост и искуство.

„Половина од сезоната возам за Манор и можам да кажам дека стекнав добро искуство. Подготвен сум за новиот предизвик“, рекол Окон, кој сезонава сé уште нема освоено бод во шампионатот на Формула 1.

До крајот на сезоната во Формула 1 останаа уште две трки, а првата од нив ќе се вози в недела во Бразил, на патеката Интерлагос, со почеток во 17 часот по македонско време.

Би те интересирало и

Прилеп престојниот викенд домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Во деновите на викендот 21-ви и 22 октомври Прилеп ќе биде домаќин на вториот по ...

Хамилтон првпат на пол-позицијата во Сузука

Луис Хамилтон првпат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата на Јапонското ГП во Сузука, откако ...