ЕУРО У-21: Германија ја освои шампионската титула – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЕУРО У-21: Германија ја освои шампионската титула

Младата репрезентација на Германија ја освои шампионската титула на Европското првенство за фудбалери до 21 година, што се одржа во Полска.

Германците во финалниот меч одигран во Краков, ја победија Шпанија минимално со 1:0 со голот на Михаел Вајсер постигнат во 40-та минута.

Иако „црвената фуријата“ важеше за фаворит, сепак Германците уште еднаш покажаа дека никој не смее да ги отпише и го урнаа митот за непобедливите Шпанци.

За Шпанија, која е втора најтрофејна нација на младинските првенства со четири титули, ова беше трето загубено финале, додека пак Германија во петтото финале стигнаа до вториот шампионски трофеј.

Потсетување дека дебитантски настап на овој младински Европски шампионат имаше и репрезентацијата на Македонија, која предводена од селекторот Благоја Милевски на крајот заврши како 12-то пласирана, но со својата борбеност и прикажаните игри во дуелите со Шпанија, Португалија и Србија, црвено-жолтите заслужено добија висока оценка за својот настап.

Би те интересирало и

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...

Конте: Мурињо е мал човек и секогаш ќе биде

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон ...