ЕУ бара од албанските партии да почнат со спроведување на договорот

Директорот во Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон синоќа во Тирана им честиташе на политичките лидери во Албанија за „покажаната демократска зрелост“ и побара веднаш да почнат со спроведување на постигнатиот политички договор.

Според агенцијата МИА,  Даниелсон престојувал во Тирана само еден ден откако лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама и првиот човек на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша постигнаа договор за надминување на политичката криза во земјата и пролонгирање на парламентраните избори првино закажани за 18 јуни за 25 јуни.

„Од големо знаење е без никакви проблеми да се исполни договорот постигнат меѓу Социјалистичката и Демократската партија и да отпочне процесот на донесување на важните реформи во правосудството, кои се клучни за патот кон ЕУ“, порачал Даниелсон.

Тој се сретнал со премиерот Рама, со министерите за надворешни работи Дитмир Бушати, за економија Милва Економи и за евронтеграции Клајда Ѓоша, со спикерот на парламентот и новоизбран шеф на државата Илир Мета, како и со лидерот на демократите Баша.

Првиот човек на Директоратот за проширување и соседска политика на средбите со албанските претставници разменил мислења околу подготовките за Самитот во Трст, а ја пренел и подготвеноста на Европската комисија да го поддржи спроведувањето на владиниот план за делување во борбата против производството и недозволената трговија со дрога.

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Босански музеј на воено детство ја освои наградата за најдобар музеј во Европа

Во само една година, мал босански музеј посветен на детството во време на војна, ги ...