ЕУ ги продолжи санкциите против Русија поради Крим

Европскиот совет соопшти дека „рестриктивните мерки како одговор на илегалната анексија на Крим и Севастопол“ ќе бидат продолжени до 23 јуни 2018 година.

Санкциите се однесуваат на лица и компании со седишта во ЕУ, вклучувајќи ја и забраната за увоз на стока од Крим, инвестиции на Крим, туристички услуги и извоз на стока и технологија на компании на Крим.

ЕУ во март 2014 година воведе повеќе рестриктивни мерки по акцијата на руските власти во кои полуостровот Крим беше припоен кон Русија. По симнувањето од власт на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во февруари 2014 година, на Крим, каде преовладува руско население, во март беше одржан референдум за припојување кон Русија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

По двата разорни земјотреси, едниот со јачина од 8,2 степени, а другиот од 5,8 степени ...

Ердоган: САД немаат право да и’ кажуваат на Турција какво оружје ќе купува

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган оцени дека САД немаат никакво право да и префрлат нешто ...

Close