ЕУ: Изборите се одржаа во конкурентно опкружување

Делегацијата на ЕУ во Скопје оцени дека локалните избори на 15 октомври се одржаа во конкурентно опкружување.

Во соопштението се потсетува на прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, во кои се наведува дека темелните слободи на здружување и изразување генерално биле почитувани и покрај веродостојните наводи за прекршувања во предизборниот период.

„Властите треба ефективно да ги разгледаат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. ЕУ е подготвена да помогне во овој процес“, се наведува во соопштението. ЕУ ги повикува сите политички претставници да дејствуваат одговорно и сите институции да обезбедат услови за транспарентен и веродостоен изборен процес во вториот круг.

ЕУ ги охрабрува новоизбраните локални власти да придонесат во унапредување на европската агенда во земјата.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...