ЕУ канцеларија-Средбата со НВО откажана, оти откажале поканетите

1004089_10151720713282552_917466022_n
За денеска во ЕУ инфо центар беше закажана средба со граѓански и НВО организации со кои требаше да се зборува за актуелната политичка состојба со претставниците на ЕУ.

Според најавата средбата требаше да почне со дружење, размена на мислења, а бројот на присутните беше ограничен на по еден претставник од поканетите 40 граѓански организации.
Сепак средбата на само еден час пред почетокот е откажана.

– Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некој ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини – објаснуваат од Делагацијата на ЕУ.

Од ЕУ делегацијата во Скопје се извинуваат за предизвиканите непријатности за ова задоцнето откажување.

Невладините организации пред неколку дена најавија дека ќе ја бојкотираат средбата заради тоа што на неа се поканети и од ГДОМ. Тие најавија дека на прес-конференција денеска ќе ги образложат причините зошто ја откажале средбата ,меѓутоа и оваа прес-конференција е откажана,така барем пишува во информацијата од над 20 граѓански здруженија.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...