ЕУ нема коментар зошто Ципрас, Борисов и Вучиќ се среќаваат во Солун за да дискутираат за Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЕУ нема коментар зошто Ципрас, Борисов и Вучиќ се среќаваат во Солун за да дискутираат за Македонија

Европската комисија нема коментар на тоа зошто вчера на трилатерален состанок во Солун се среќаваат премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дискутираат за Република Македонија, без притоа да има претставник на македонската држава, јави дописникот на МИА од Брисел.

Запрашана за тоа дали ЕУ одобрува лидери на други држави да се собираат за да разговараат за трета држава чиј претставник не е на масата и дали тоа потсетува на некои далечни времиња кога на идентичен начин се прекројувале границите на Балканот, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич со одговор: „Немам коментар“.

Но, во исто време, заменик-шефицата на портпаролскиот сервис на ЕК, Мина Андреева, повика одговорот на ова прашање да се побара во објавата на социјалнате мрежа „Твитер“ на главниот протпарол на Европската комисија, Маргаритис Схинас. По повод овој трилатерален состанок меѓу шефовите на државите и Владите на Србија, Грција и Бугарија во Солун, а каде на Вучиќ, Ципрас и Борисов им се приклучи и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговиот портпарол го објави следното на „Твитер“:

– Јункер со пријателите и партнерите Ципрас, Борисов и Вучиќ во Солун. ЕУ е посветена на регионот“, постираше портпаролот Схинас на социјалнате мрежа „Твитер“ текст со слика од тројцата лидери со Јункер.

Според заедничката изјава на премиерите на Грција и Бугарија и претседателот на Србија, дадрна по нивната вчерашна средба, тие порачаа дека „сметаат оти е неопходна стабилизација на внатрешно-политичката ситуација во Македонија, како и продолжување на дијалогот за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името“.

Би те интересирало и

Презентирани резултатите од мерењата на амбиенталниот воздух на Источниот регион и Благоевградскиот округ

Иако незначително, сепак евидентно. Со проблемот на загадувањето не се соочуваат само поголемите градови во ...

Македонија ќе ги признае патните документи на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во ...