ЕУ презема мерки против Унгарија поради законот за НВО

Унгарија е соочена со проблеми со Брисел: поради контроверзниот закон за невладини организации, Европската Комисија отвори постапка против Унгарија.

Европската Комисија отвори постапка против Унгарија поради законот за НВО. „Темелно го проверивме новиот закон за невладините организации и дојдовме до заклучок дека тој не е во согласност со правото на ЕУ“, соопшти вицепретседателот на ЕК, Франс Тимерманс. „Очекуваме реакција од унгарска страна во рок од еден месец“, додаде тој и се закани со постапка пред Европскиот суд „доколку ваквата реакција не биде задоволителна“.

Владата на Виктор Орбан го обврзува невладините организации кои добиваат пари од странство да се регистрираат во суд. Тие мора да ги откријат изворите на финансирање, а покрај тоа на својата интернет страница и во сите публикации мора да се означуваат како „организација која добива поддршка од странство“. Тоа важи за организациите кои годишно од странство добиваат повеќе од 24.000 евра. Доколку не ја исполнат обврската, се соочуваат со затворање.

Против ваквиот закон во Унгарија постојано има протести. Илјадници луѓе протестираат поради страв од ограничување на политичката слобода во нивната земја.

Со новиот закон Орбан сака да ги погоди пред сѐ оние организации во Унгарија кои се финансирани од американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој инаку има унгарско потекло. Орбан, според сопствени наводи, во Сорос гледа за Унгарија штетен „американски финасиски шпекулант“.

Во април годинава во Унгарија веќе беше донесен контроверзен закон за високо образование кој ги ограничува овластувањата на универзитетите чие главно седиште не е во ЕУ. Законот може да значи и крај на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, основан од Сорос. Поради тоа, ЕК веќе поведе постапка против Унгарија.

Извор: DW

Додади коментар

Би те интересирало и

Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за ...

Улилишта во Тексас ќе казнуваат со прачка!

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка ...

Close