ЕУ ја определи 2025 година како краен рок за проширување – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЕУ ја определи 2025 година како краен рок за проширување

ЕУ се подготвува да ја определи 2025 година како краен рок за следниот бран на проширување, но, споровите на Балканот би можеле да го одложат – соопшти Европската комисија  во нацртот на нова стратегија за Западен Балкан, во која „ЕУ Опсервер“ имал увид, а која се очекува да биде усвоена на 14 февруари. Комисијата наведува дека „партнери во земјите од Западен Балкан имаат историска можност” и дека “за прв пат има најдобра временска рамка со перспектива на нивниото пристапување”.

„Со силна политичка волја за спроведување на вистински реформи и трајно решавање на споровите со соседите, Црна Гора и Србија треба да бидат подготвени за членство до 2025 година”, се вели во текстот.

Албанија, Босна, Македонија и Косово до 2025 година „исто така треба да направат голем напредок на европскиот пат”. Босна се обидува да го добие кандидатскиот статус за ЕУ, додека Косово размислува да поднесе формално барање за тој статус.

Документ на Комисијата предупредува дека локалните спорови може да го одложат процесот  кој доби име „амбициозна  временска рамка“. ЕУ не може и нема да увезува билатерални спорови. Затоа, сите партнери во земјите од Западен Балкан овие спорови треба што  е можно поскоро ги решиат – се вели во документот. Во нацртот се предлага  граничните спорови да се решат со меѓународна арбитража, на пример, во Хаг, и при тоа секоја одлука да биде „обврзувачка и конечна” како и „почитувана целосно”.

Во документот, исто така, се вели дека спорот за името меѓу Македонија и Грција би можел да се реши до јуни.

Следниот самит на земјите од Западен Балкан во ЕУ,  ќе се одржи на 18 мај во Софија, 15 години по самитот во Солун, кога ЕУ за прв пат се заложи дека регионот ќе го прими во своите редови.

Во април Европската комисија исто така, има намера да објави редовен извештај за напредокот на аспирантите од Балканот.

„Во следните осум или девет месеци, ќе одлучи како да се продолжи со секоја од овие земји”, рече тој вчера портпаролот на Европската комисија.

Би те интересирало и

Мамиќ: Ако ме затворат ќе направам исто како Праљак

Првиот човек на загрепски фудбалски клуб Динамо, Здравко Мамиќ изјави дека доколку го осудат ќе ...

Грција почнува истрага за финансиски криминал во УНИЦЕФ

Властите во Грција почнаа истрага за финансиски криминал во грчкото претставништво на УНИЦЕФ, јави порталот ...