ЕХФ ги одреди термините за Европското првенство во Хрватска 2018 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЕХФ ги одреди термините за Европското првенство во Хрватска 2018

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во договор со домаќинот на Европското првенство – Хрватска ги одреди термините за натпреварите од првата фаза за шампионатот што ќе се одржи во јануари 2018 година. Македонија натпреварите од групата Ц ќе ги игра во Загреб, а ривали се: Германија (европски шампион), Словенија и Црна Гора.

Македонија во првото коло на 13 јануари ќе игра против Словенија од 19:30 часот, по два дена подоцна против Црна Гора нашата репрезентација ќе игра во терминот од 20:30 часот, додека во последното коло од групата против европскиот првак Германија на 17 јануари, Македонија ќе игра во терминот од 18:10 часот.

Натпреварите на ЕП во ракомет во Хрватска ќе се играат во четири градови во Хрватска: Загреб, Сплит, Пореч и Вараждин, од 12 до 28 јануари 2018 година.

Би те интересирало и

Вардар пристигна во Келн

Ракометарите и стручниот штаб на Вардар утринава го напуштија Скопје, а во претпладневните часови веќе ...

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...