Жан Митрев клиника прослави полнолетство – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Жан Митрев клиника прослави полнолетство

Тимот на д-р Жан Митрев заокружи полнолетство и направи резиме на успесите и предизвиците во минатите години. Кога почнаа беа малку на број. Десетина вработени, работеа во мал простор во поранешната „Воена болница“. Денес повеќе од триста вработени, функционираат по концепт става акцент на персонализирана медицина базирана на генетската предодреденост на секој пациент.

„Голем исчекор направивме во 2016-та година, кога се вселивме во новите простори, во новата болница, каде што поставивме нови темели во однос на медицинските стандарди.  Се работи една најсовремена медицина во однос на дијагностиката и во повеќе области од хируршкото лекување на пациентите.“ – изјави академик д-р Жан Митрев.

Статистиката вели дека изминативе 18 години третирале повеќе од милион и петстотини илјади пациенти.

„Во однос на бројките, имаме некаде над 30000 операции, од кои најголемиот дел, некаде над 20000 се кардио-васкуларни, додека другите се од сите други специјалности кои ги имаме. Ние сме позиционирани како болница со третман на најтешко болни пациенти“- додаде челникот на клиниката.

Од Жан Митрев клиник велат дека матурскиот испит го положиле со добивање на JCI американската акредитација за болници. Според најавеното, ќе останат верни на идејата да го оправдаат описот-софистициран центар со најсовремена дијагностика во повеќе области од медицината, поддржана со модерна хирургија, анестезија и единица за интензивно лекување.

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...