Жан Митрев редовен член во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Жан Митрев редовен член во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите

Кардиохирургот Жан Митрев денеска стана редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите. Сертификатот и официјално му го врачи претседателот на академијата, Жан-Патрик Конрад.

„Во опкружување кое на прв поглед не е многу соодветно тој има создадено независна институција и тоа е извонредно и многу тешко дури и во оној дел од светот каде што доаѓам. Воодушевен сум што можам да ви посакам добредојде во Академијата“, истакна Жан Патрик Конрад.

Според него, Митрев е предводник на иновативните активности во Македонија. Кардиохирургот пак, оцени дека сертификатот кој го доби денеска е потврда за она што го направил досега.

„Ова е потврда за она што досега сум го направил и пат кој го одам не од некој што го одам, туку сум го препознал кај себе. Посебно задоволство ми е по нивна иницијатива, јас не знаев дека постои таква можност“, истакна докторот, кој им порача на младите луѓе дека постојат можности и во Македонија, но како што рече, потребно е многу страст и вложување напор за да се остварат замислите и соништата.

На прогласувањето, што се одржа во Клиниката Жан Митрев, присуствуваа амбасадорот и генерален секретар на Academia Balkanica Europeana Јордан Плевнеш, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Никола Јанкуловски, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, академици, универзитетски професори.

Би те интересирало и

Владимир Ѓорчев не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата ...

Со неажуриран регистар во јавниот сектор, вработените нема да можат да добијат плата

Државните институции имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во ...