Жапчето Кермит ќе добие нов глас

Жапчето Кермит од „Мапет шоу“ ќе добие нов глас откако актерот Стив Витмаер донесе одлука да ја напушти серијата, пренесоа денеска американските медиуми. Витмаер го позајмуваше гласот на Кермит откако творецот на „Мапетовците“ почина во 1990 година, а засега не е позната причината зошто решил да ја напушти серијата.

„Мапет студио“ соопшти дека повеќегодишниот соработник на оваа компанија, Мет Вогел, ќе ја преземе улогата. Витмаер го позајми гласот и на неколку други ликови во „Мапет шоу“, како што е мрзеливиот критичар Статлер.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни ...

Мис Адриатик 2017 е Македонката Ива Михајловска

Во туристичкото место Рогозница во Хрватска се одржа традиционалниот избор Мис Адриатик 2017 година. Меѓу ...

Close