Железничкиот сообраќај во Македонија сè уште во застој – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Железничкиот сообраќај во Македонија сè уште во застој

Од МЖ „Транспорт“ во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.

Ѓоко Илиески од  Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека три дена немаат повратна информација од раководството на МЖ „Транспорт“, ниту најава за средба и разговори.

– Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто, барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување – изјави денеска Илиески.

Преземено од: Телеграф

 

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...