Железничкиот сообраќај во прекин, вработените ја бараат јануарската плата

Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во „Македонски железници – Транспорт“ бараат исплата на платата за јануари 2017 година.

Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари Латко Јовановски изјави дека целосно е во прекин движењето на патничките и на товарните возови на македонските пруги.

„Македонски Железници – Транспорт“ вчера информираше дека на вработените ќе им го исплати веднаш вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот ќе ја исплати платата за јануари 2017 година.

– Вториот дел за декември е исплатен, бараме исплата на јануарската плата – изјави денеска Јовановски, додавајќи дека за штрајкот имаат поддршка од останатите синдикати на железницата.

Текстот е преземан од Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close