Жените признаваат дека немале најдобар секс со својот сопруг

За една 25% од испитаните жените поранешното момче било подобро од сопругот, додека помалку од 50% мислат дека сексот со сопругот е најдобриот секс кој го имале во животот.

Американскиот портал спровел истражување на преку 2000 мажени жени, поврзано со нивните сексуални навики, а резултатите биле поразителни за нивните мажи.

Имено, речиси четвртина од жените признале дека сексот со бившото момче го сметале за многу подобар од сексот со сопругот,  а помалку од половина мислат дека сексот со сопругот е најдобриот што го имале во животот.

Катастрофален резултат за мажите е фактот дека речиси две третини од жените повеќе би сакале да гледаат филм, или да спијат, или читаат книга отколку да имаат секс со сопругот, бидејќи признаваат дека сексот во бракот им е монотон, но тоа до некаде им одговара.

Научниците ги објаснуваат таквите одговори –  жените најдобриот секс го имале со некој неодговорен и импулсивен, но за брак одбрале доверлив и стабилен маж, без разлика на квалитетот на сексот.

Би те интересирало и

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Дознајте дали девојката ве изневерува!

Самата помисла дека саканата жена е во прегратките на друг маж предизвикува тежина во градите ...