Жителите на Косово в недела бираат органи на локалната власт

Речиси 1,9 милиони жители на Косово в недела ќе гласаат за избор на нови органи на локалната самоуправа. Едномесечната предизборна кампања завршува денеска на полноќ, кога почнува изборниот молк за локланите избори.

На изборите учествуваат 91 политички субјект, вклучувајќи една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати.

Во 38 општини во трката за градоначалници се вкупно 204 кандидати, додека за членови на општинските собранија ќе се борат 6.887 кандидати. Меѓу кандидатите на изборите се и тројца актуелни министри и 11 пратеници.

Според косовската Централна изборна комисија во единствениот избрачки список се запишани 1.890.952 лица со право на глас или 18.011 повеќе споредено со предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни годинава.

Гласањето на косовската дијаспора почна завчера и завршува денеска.

„За гласање се пријавија околу 10.500 наши граѓани кои живеат и работат во странство. Гласањето почна на 18 октомври и треба да завршина на 20 октомври. Заклучно со овој ден треба да прстигнат гласачките ливчиња“, изјави портпаролот на Комиисјата, Валмир Елези.

Организирањето на изборите косовскиот Буџет ќе го чинат шест, односно 10 милиони евра, во зависност од тоа дали ќе има втор круг на гласање.

-Доколку се’ се реши во првиот круг изборите ќе чинат шест милиони евра. Ако пак има втор круг на гласање, тогаш изборите ќе чинат 10 милиони евра – соопшти Централната изборна комисија.

На последните локални избори од 38 општини дури во 25 беше спроведен втор круг на гласање.

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...