Жителите од Општина Маврово Ростуште од денеска ќе можат да вадат пасоши и лични карти и во својата општина

Жителите од Општина Маврово Ростуште од денеска ќе можат да вадат пасоши и лични карти и во полициската станица во Ростуште. Веста ја соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој викендов беше во посета на оваа општина чии граѓани за да ја добијат оваа документација морале да одат во Гостивар.

Спасовски освен полициската станица во Ростуше ја посети и полициската станица за граничен надзор во Жировница каде ги нотирал недостатоците  и потребите на полициските службеници, кои работат во овие установи, во склоп на Министерството за внатрешни работи .

Општина Маврово Ростуше е единствена рурална општина во Западна Македонија каде граѓаните можат да ваѓаат лична документација, во подрачните одделенија на нивната општина.

Би те интересирало и

Времето денеска сончево и топло а од понеделник дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...