Жител на Карбинци се обидел да силува соселанка: Го спречил нејзиниот сопруг

Штипската полиција поднесе кривична пријава против триесет и едногодишниот, А.М. од с.Калаузлија- општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „силување во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На петти јануари годинава околу 07.00 часот во моментот кога оштетената се движела во селото, пријавениот се доближил до неа, упатил вербални закани, ја удрил во пределот на образот и ја турнал на земјата, по што се обидел да ја соблече и да ја присили на обљуба. Во намерата го спречила свекрвата на оштетената, која побарала помош и на местото на настанот пристигнал невенчаниот сопруг на оштетената.

Веднаш потоа пријавениот ја зел моторната пила, со која претходно сечел дрва, и тргнал кон истиот со намера да го повреди, но не успеал во намерата – информираат денеска од МВР.

Додади коментар

Би те интересирало и

Три предвремено родени близначиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Тројка предвремено родени бебиња починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство – пишува порталот Плусинфо. ...

Пронајдено искасапеното тело на позната шведска новинарка

  Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската ...

Close