Жител на Кичево сексуално вознемирил шестгодишно девојче – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Жител на Кичево сексуално вознемирил шестгодишно девојче

Полицијата привела шеесет и седумгодишен жител на Кичево откако е пријавено дека во близина на Правниот факултет сексуално вознемирил шестгодишно девојче – соопшти МВР.

Случајот во полиција вчера го пријавил жител на Кичево околу 14:25 часот, откако забележал дека машко лице го допира девојчето по делови од телото.

Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. Од полицијата информираат дека по преземени мерки, по кратко време од слобода е лишен 67-годишниот Б.С. од Кичево.

Над детето е извршен лекарски преглед, при што не се констатирани телесни повреди, а извршен е и разговор во присуство на родител и социјален работник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додаваат од МВР.

Би те интересирало и

Млад кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол викендов навредувал и се заканувал на полициски службеници

За време на викендот,22 годишен жител на Крива Паланка,лице кое се наоѓа на висока позиција ...

Маж обесен, жена во бессознание откриена дрога кај лица од Демир Капија и Кавадарци

Тежок викенд во Тиквешијата. Синоќа некаде околу 21 часот,млада жена на возраст од 37 години ...