Жител на Неготино измамил кавадарчанец ветувајќи му работа во Германија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Жител на Неготино измамил кавадарчанец ветувајќи му работа во Германија

54 годишниот Ф.Н од Кавадарци во полиција пријавил измамник кој му ветил дека ќе му посредува за работа во Германија, му платил 300 евра но од работата немало ништо.

Од кавадаречката полиција информираа дека во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Кавадарци, кавадарчанец пријавил дека бил измамен од лице од Неготино. Пријавителот кога го  видел огласот за вработување на интернет, стапил во контакт со измамникот кој се претставил дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство во случајов, Германија. Измамникот го довел во заблуда Ф.Н. кој во неколку наврати на жиро сметка му исплатил 18,530 денари. При уплаќање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје од страна на шалтерскиот работник му било посочено дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник, велат од полицијата. Ова е прв ваков случај на измама во Кавадарци, оштетениот сите дотогашни рати од 50 евра ги уплаќал во банките во градот, но следната рата била пресудна за него кога во Скопје ја открил измамата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Информациите говорат дека за неготинецот полицијата знае уште од пред две години кога во периодот од февруари и март 2016 година пријавениот истакнал оглас на интернет огласувач дека е посредник за работа во странство, за што лажно се претставувал дека e жител на Скопје и нуди работа во Германија. Истиот, во неколку наврати, измамил две лица од Охрид кои во банка уплатиле износи од 90.400 денари на сметка на пријавениот, а откако поминал договорениот рок, тие не добиле никакво известување за тоа кога ќе заминат на работа во Германија.

Огласот за работа објавен на интернет привлече бројни граѓани, кои за подобро платена работа видоа можност во странство, а наместо плата по европски стандарди од над 2000 евра, неколкумина македонци кои аплицирале овде, останаle и без работа и без пари.

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Млад кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол викендов навредувал и се заканувал на полициски службеници

За време на викендот,22 годишен жител на Крива Паланка,лице кое се наоѓа на висока позиција ...

Маж обесен, жена во бессознание откриена дрога кај лица од Демир Капија и Кавадарци

Тежок викенд во Тиквешијата. Синоќа некаде околу 21 часот,млада жена на возраст од 37 години ...