ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија

Ракометарките на Вардар го освоија Купот на Македонија откако во финалето денеска го победија Металург со 45:19 (21:10). Ова за „вардарки“ е петти трофеј во ова натпреварување, а четврти во низа.

Финалниот дуел беше неизвесен само во првите десет минути кога Металург имаше и водство од 4:3, а потоа Вардар направи серија од 11:1. Александра Лакрабер беше најефикасна на финалето со 12 гола.
Покрај победничкиот пехар беа доделени и индивидуални признанија. Лакрабер од Вардар го доби признанието за МВП (најкорисен играч), Сара Ристовска (Вардар) е најдобар стрелец, додека Матеја Серафимова (Металург) е најдобар голман.

„Фајнл фор“ турнирот од првенството на Македонија во женска конкуренција ќе се одигра утре и задутре во СЦ „Јане Сандански“. Во полуфиналните дуели играат: ЖРК Вардар – Куманово и Вардар СЦЈС – Металург.

Би те интересирало и

Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик!

Трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем на крајот од оваа сезона ги загрижи ...

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...