ЖРК Вардар ја продолжи победничката серија во ЛШ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЖРК Вардар ја продолжи победничката серија во ЛШ

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Будуќност со 31-24 (19-8).

Вардарки покажаа одлична игра во одбрана и напад, а шампионот на Црна Гора не беше дораснат ривал.

Ова е деветти триумф по ред сезонава во елитното европско натпреварување за „црвено-црните“ и 29-ти меч по ред во кој се обезбедени бодови.

Вардар останува лидер на табелата во група 2 во главната фаза со 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад (219 гола).

Пенезиќ со 8 голови ја преводеше листата на стрелци, а кај Будиќност најпрецизна беше Брновиќ со шест гола.

Наредниот меч во Лигата на шампионите, Вардар го игра дома на почетокот на март, кога во Скопје гостува германски Битигхајм.

Преземено од: Стандард

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...