ЖРК Куманово одбележа успешен крај на сезоната

Со 17 поеби од 24 одиграни натпревари и трето место во сениорската ракометна лига, ЖРК Куманово вчеравечер со коктел забава означи крај на уште една успешна ракометна сезона. Управата на клубот за своите најдобри ракометарки обезбеди и скромни пехари.

Со коктел забава ракометарките на Куманово го одбележаа успешниот крај на сезоната во сениорските натпреварувања, каде во борба со уште шест екипи го освоија третото место.

Во кадетска категорија за најдобра е прогласена Мила Трајковиќ, за најдобра пионерка пехар доби Сара Цветановска, додека за најдобра ракометарка во клубот е прогласена Александра Боризовска која е повикана и на прелиминарните тренинзи за настап во македонската репрезентација.

Ова признание ќе ме мотивира понатаму за подобра игра и поголем напредок за понатаму. Се надевам дека како до сега ќе продолжиме и наредната година ќе се пласираме на фајнл-фор и ќе бидеме се подобри и подобри – изјави Цветковска.

Ова признание за мене претставува поголема мотивација за наредните години. Ќе се трудам да работам уште повеќе за да освојувам уште признанија – рече Трајковиќ.

Ова признание секако претставува за мене огромно задоволство, но мислам дека не го заслужувам само јас поединечно, туку целата екипа и сакам да им го посветам и на нив за успешната сезона – изјави Боризовска.

На натпреварот одигран во сабота на домашен терен, ЖРК Куманово го совлада составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе со резултат 32:30.

Зад себе оставаат 17 победи од 24 одиграни натпревари, а со оглед дека годинава Општина Куманово не организираше прогласување за најдобри спортисти, управата на клубот направи интерно прогласување за најдобрите свои ракометарки кои обезбедија и следната година учество на ЕХФ Челинџ Купот.

Би те интересирало и

Раул Гонзалес го скрати списокот за ЕП во Хрватска

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, во четвртокот го скрати списокот на играчи ...

Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик!

Трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем на крајот од оваа сезона ги загрижи ...