ЖРК Куманово пресилно за Лесковац и Врање – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЖРК Куманово пресилно за Лесковац и Врање

Женскиот ракометен тим од Куманово за викендов одигра два пријателски натпревари  во Лесковац и Врање, каде забележаа две убедливи победи.

Во саботата во СРЦ Дубочица во Лесковац кумановки одлично го прикажаа нашиот клуб, град и држава и го декласираа домашниот тим ЖРК Дубочица со резултат 34:21.
Домашниот тим успеа да се спротивстави само во првите осум минути кога резултатот изнесуваше 2:2, потоа на сцена стапи кумановската машинерија и на полувреме се замина со резултат 19:5 за гостинскиот тим.
Во второто полувреме шанса добија сите избранички на тренерот Јосимовски и без поголеми напори ЖРК Куманово успеа да ја сочува големата предност, за да на крајот забележат убедлива победа.
Во екипата на Куманово сите ракометарки се претставија во одлично издание, а во листата на стрелците се запишаа дури 14 ракометарки.
Во екипата на ЖРК Дубочица на голот блескаше Милошевиќ со 13 одбрани, а со ефикасноста се истакнаа Манојловиќ со 9 и Стаменковиќ со 6 голови.
Во неделниот натпревар Куманово се прикажа во уште подобро издание и славеше убедлива победа над Врање со 39-15( 22-5).
Екипата на ЖРК Куманово следниот викенд повторно е активна во Србија каде ќе зеде учество на силен турнир во Прокупље, а противници ќе им се екипите на ЖРК Топличанин  и ЖРК Житораѓа.

Превземено од: Кумановски Муабети

Би те интересирало и

Вардар победи на гостувањето кај Кил

Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во ...

Македонија во група со Грција во квалификациите за ЕП 2020

Машката ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, ...