Жртви при пукање на брана во Кенија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Жртви при пукање на брана во Кенија

По повеќенеделни обилни врнежи дожд во кенискиот град Солај пукна брана, а локалните власти соопштија дека е предизвикана голема материјална штета како и дека има жртви.

Браната пукнала синоќа во Солај во областа Накуру, на 190 километри северозападно од Најроби.

– Водата предизвика огромна штета, а има и човечки животи. Големината на штетата се уште се утврдува, изјави гувернерот на Накуру, Ли Кинјаџуи.

Кинескиот Црвен крст на Твитер напиша дека досега се спасени 39 лица.

За сега не е познато колку луѓе загинале.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...